За проектот

Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија


Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ го поддржува Секретаријатот за европски прашања во одредување и приоретизирање на техничката помош која е потребна за пристапните преговори со ЕУ и во насочување на експертизата во критичните реформски области. Исто така, проектот обезбедува поддршка за активно вклучување на граѓанските организации и медиумите во процесот на пристапување во ЕУ, преку доделување на грантови кои ќе ги поддржат активностите за лобирање, застапување и надзор на национално и локално ниво.

Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ се спроведува во координација и со активно учество на институциите на локално и регионално ниво. Овие партнерства овозможуваат постигнување на одржливост на резултатите на проектот преку принципот на споделена одговорност, овозможувајќи постигнување на долгорочните интереси на граѓаните.

Од прогласувањето на независноста на почетокот на 1990-тите, членството во ЕУ е поставено како стратешки приоритет на владата на Република Северна Македонија. Од добивањето на статусот на земја кандидат за членство во ЕУ во 2005, државата започна со подготвување на администрацијата и општеството за започнување на преговорите. Сепак, последниот извештај на ЕУ за напредок нотира дека е потребен дополнителен фокус за зголемување на административниот капацитет, ефективно спроведување на законодавството и спроведување на клучни реформи во одредени сектори.

Проектот го поддржува рамномерниот социо-економски развој преку доделување на инфраструктурни грантови во помалку развиените региони во земјата, како и преку обезбедување на можности за вработување и обука на невработени лица од овие региони. И покрај стабилниот тренд на постепено намалување на невработеноста во земјата, моменталната стапка на невработеност од 18% сеуште се смета за висока. Стапките на невработеност во помалку развиените региони во земјата, кои се соочуваат и со неразвиена инфраструктура, се уште повисоки. Проектот ја поддржува администрацијата на национално и локално ниво во адресирање на долготрајните прашања поврзани со животната средина, преку организирање на транспортот на отпад од локацијата за пречистителната станица за отпадни води во Тетово и за дислоцирање на отпадот од линдан од фабриката ОХИС.

Имплементација


Времетраење: септември 2018 – септември 2022

Буџет: 6.5 милиони евра

Донатори:
Кралство Норвешка, преку Норвешката амбасада, и Кралство Шведска преку Шведската агенција за развој и соработка

Сопственик на проектот:
Секретаријат за европски прашања на владата на Северна Македонија е партнер во проектот кој е задолжен за постигнување на одржливост на резултатите од проектот

Имплементатор:
Канцеларија на Обединети нации за проектни услуги (УНОПС)

Партнери