Скопје, 1 август 2021.

Конкурс за најдобар медиумски извештај за процесот на интеграција во ЕУ (продолжен рок за аплицирање)

Проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија ги повикува сите медиуми и новинари да ги достават своите печатени, електронски (ТВ и радио) и онлајн извештаи за прашањата поврзани со процесот за пристапување во во ЕУ. Рокот за аплицирање е продолжен до 30 септември 2021.

Проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија ги повикува сите медиуми и новинари што ги исполнуваат условите за учество да ги достават своите печатени, електронски (ТВ и радио) и онлајн извештаи за прашањата поврзани со процесот на пристапување во ЕУ. Овие приказни треба да придонесат за подигнување на свеста на јавноста во однос на придобивките од членството во ЕУ, од поддршката од ЕУ во реформскиот процес, како и за теми што се поврзани со подобрениот квалитет на живот и стандарди, преку соодветни реформи во јавната администрација, во судскиот систем, подобрени човекови права и демократија, родова еднаквост, еколошки прашања, здравје, култура, регионална соработка, ранливи групи и меѓуетнички дијалог, како и меѓукултурна соработка. Поднесените извештаи од страна на медиумите треба да бидат во печатена / електронска форма (ТВ и радио) и онлајн формат и истите треба да се изготват и да бидат објавени во периодот од 15 септември, 2020 година до 30 септември, 2021 година.
Извештаите треба да бидат во согласност со највисоките новинарски стандарди и може да бидат во која било форма (напис, приказна, документарен филм, интервју, итн.). Исто така, овие извештаи треба да бидат автентични и оригинални дела на авторот и треба да претставуваат аналитичка новинарска работа од широк јавен интерес.

Проектот ќе додели четири награди:
Прво место - ИТ опрема во вредност од 5.600 американски долари
Второ место - ИТ опрема во вредност од 4.300 американски долари
Трето место - ИТ опрема во вредност од 3.000 американски долари
Специјална награда - ИТ опрема во вредност од 1.700 американски долари, која ќе биде наменета за најдобрата приказна објавена од учесниците на медиумската обука организирана од Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија.

Повеќе информации за начинот на аплицирање.