За време на посетата, новинарите имаа можност да присуствуваат на објаснувачките скрининг сесии за Поглавје 21 - Трансевропски мрежи, Поглавје 14 - Транспортна политика и Поглавје 27 - Животна средина, и да се сретнат со високи претставници на ЕУ за да разговараат за важноста на транспарентноста и одговорното медиумско известување во процесот на пристапување во ЕУ.
Посетата имаше за цел да им обезбеди на новинарите практично искуство за известување од објаснувачките скрининг сесии и разбирање за спецификите на процесот на пристапување во ЕУ. Тие беа во можност од прва рака да ги слушнат дискусиите меѓу експертите од Северна Македонија и од ЕУ за време на сесиите, давајќи им директни информации кои би можеле да ги користат во нивното известување. Дополнително, новинарите имаа можност да се сретнат со високи претставници на ЕУ и претставници на дипломатскиот кор, вклучително и г-ѓа Микаела Матуела, директор за Западен Балкан во Одделението за Албанија и Северна Македонија во Генералниот директорат за соседство и проширување, г. Јасна Јелишиќ, шеф на Работната група за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи, г-дин Симон Морду и г-ѓа Маја Коцијанчич, советници за надворешна политика во кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Новинарите се сретнаа и со Н.Е. Амбасадорот Исток Јарц, од постојаното претставништво на Република Словенија во Европската Унија, и Н.Е. Амбасадорката Ирена Андраши, од постојаното претставништво на Република Хрватска во Европската Унија. Овие средби им овозможија на новинарите да воспостават врски со високи претставници на ЕУ и да ја разбeрат важноста на транспарентноста во процесот на интеграција и можните предизвици во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
Програмата за студиска посета им даде можност на новинарите да го подобрат своето знаење и разбирање за процесот на пристапување во ЕУ и да разговараат за важни теми од јавен интерес поврзани со процесот на пристапување со претставници на високо ниво на ЕУ. Со подобрување на нивните вештини и знаења за известување, новинарите можат да играат витална улога во обезбедувањето транспарентност и одговорно известување во процесот на преговори за членство во ЕУ.