Скопје, 11 јули 2020.

Видео-телеконференциска опрема да му овозможи на СЕП да организира побрзи и поефикасни он-лајн состаноци за ЕУ интеграција

Рестриктивните мерки за физичко дистанцирање, препораките за избегнување на средби со лично присуство и ограниченото патување, со цел намалување на ширењето на КОВИД-19 ги направи он-лајн состаноците и дигиталната комуникација најважни во одржувањето на оперативниот капацитет на националните институции.

Поради тоа, проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ работеше со Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во подобрувањето на нивниот капацитет за одржување и присуство на он-лајн состаноците, особено во суштинското време кога се подготвуваат националните капацитети за непосредното започнување на преговорите за интеграција во Европската Унија. Последните неколку месеци, проектот спроведуваше иницијална анализа на техничките капацитети и потреби за видео-телеконференциските способности на СЕП. Врз основа на анализата и во координација со СЕП, проектот ја набави соодветната видео-телеконференциска опрема, која беше инсталирана и тестирана во јуни. Опремата содржи монитори, камери и звучници кои овозможуваат брза и заштитена комуникација со колегите од другите национални и меѓународни институции. Покрај опремата, додатни лиценци за текеконференциски софтвер се набавени за да се овозможи стабилно закажување на состаноци, дури и со поголем број на учесници. Оваа поддршка е дел од поголемата насочена поддршка за зголемување на капацитетите на СЕП за преговорите со ЕУ, како и за обезбедување на техничка и експертска поддршка во различни области како усвојување и усогласување на законодавстото и техничката поддршка за втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.